Дома Фудбал Ливерпул ја одредил цената на Конате

Ливерпул ја одредил цената на Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот истекува следната година.

Според „Ас“ од Мерсисајд бараат 50 милиони евра за Французинот. Централниот дефанзивец за сега одбива да го продолжи договорот, бидејќи според медиумите во Шпанија, одлучил да направи нешто слично на она што го направи Трент Александар Арнолд.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Имено, да го чека истекот на договорот и да премине во Реал Мадрид како слободен агент.

Се појавија информации дека кралскиот клуб може да се обиде да го ангажира Конате уште ова лето. Токму поради тоа, Ливерпул ја постави оваа цена на 26-годишниот Французин. Според „Ас“ на „Енфилд“ се категорични дека или оваа сума ќе биде платена, или Конате ќе остане до истекот на неговиот договор. Изворот тврди дека во Реал се подготвени да платат меѓу 20 и 25 милиони евра, но не и повеќе.

Во моментот, Реал има пет централени дефанзивци – Хаусен, Милитао, Асенсио, Рудиѓер и Алаба. Договорите на последните двајца истекуваат следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …