Медиумите во Англија пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот од Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.
Клубовите од Премиерлигата ги анализираат неговите перформанси и веќе започнаа со борба за неговиот потпис.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ливерпул е особено заинтересиран, бидејќи бараат замена за Александер Арнолд, а токму Фримпонг е нивната најголема надеж.
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и брзо се етаблираше како еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Во неговиот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра, и „црвените“ се подготвени да ја исполнат таа сума.