Дома Фудбал Ливерпул бара пониска сума од Наполи и Милан за Нунес

Ливерпул бара пониска сума од Наполи и Милан за Нунес

Ливерпул бара 60 милиони евра од италијанските клубови кои се заинтересирани за Дарвин Нунес, пренесува “Кориере дело Спорт”.

Според медиумите на Апенинот, Наполи и Милан се заинтересирани за уругвајскиот репрезентативец, кој сигурно ќе биде продаден ова лето. Наведените извори додаваат дека Наполи е во подобра позиција, бидејќи шампионот на Серија “А” ќе игра во Лигата на шампионите, додека Милан нема да учествува во европските натпреварувања следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Атлетико Мадрид и Ал-Хилал се другите клубови кои покажуваат интерес за Нунес. Пред неколку дена “Дејли Мејл” објави дека Ливерпул се надева да добие 70 милиони фунти од Саудиска Арабија за својот напаѓач. Оваа цена, сепак, сигурно ќе биде висока за клубовите од Италија.

Ливерпул секој момент ќе ја финализира продажбата на Флориан Виртц и Милош Керкез, но паралелно сака што побрзо и по најдобра цена да ги продаде играчите, на кои Арне Слот нема да смета. Очекувањата се дека клубот од Мерсисајд ќе земе нов централен напаѓач, но пред тоа мора да го продаде Нунес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…