Дома Фудбал Ливерпул ја најде замената на Салах во Франција

Ливерпул ја најде замената на Салах во Франција

Според „Екип“, Ливерпул сериозно е заинтересиран за крилниот напаѓач од Лион, Рајан Черки.

Рајан Черки е офанзивен играч, способен да се појави и како плејмејкер, исто така и на крилните позиции. Тој потекнува од школата на Лион и моментално е сметан за најголем фудбалски талент во Франција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лион се соочува со финансиски тешкотии и ги направи сите фудбалери достапни за продажба, што Ливерпул има намера да го искористи.

Овој 21-годишен фудбалер ќе биде достапен на лето за 30 милиони евра, сума која не би била проблематична за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар повторно ја потврдија доминацијата во „вечното дерби“, откако по тре…