Дома Фудбал Ливаковиќ нема да може каже „не“ – добива понуда каква што не може ниту да замисли!

Ливаковиќ нема да може каже „не“ – добива понуда каква што не може ниту да замисли!

Доминик Ливаковиќ ги брои последните недели во дресот на Фенербахче, а на маса е понуда од Саудиска Арабија која е тешко да се одбие.

Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ е на излезните врати на Фенербахче. По две години, 30-годишниот чувар на мрежата веројатно ќе го напушти Истанбул и ќе ја продолжи кариерата на друго место.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Повеќе имиња се споменуваат како нови дестинации за Ливаковиќ. Го бараат од Германија, Англија и Италија, но тешко дека некој може да се мери со понудата што пристигна од Саудиска Арабија.

Турските медиуми наведуваат дека неназначен клуб од оваа земја наскоро ќе ја официјализира понудата за одличниот голман и дека понудата е финансиски неверојатна.

Најверојатно понудата е таква што Ливаковиќ нема да може да каже ‘не’. Цифри кои досега во кариерата не ги видел.

Сега одлуката ќе биде само на хрватскиот голман. Фенер е подготвен да го продаде за околу 10 милиони евра, а Ливаковиќ ќе избира помеѓу Саудиска Арабија и понудите од најдобрите европски лиги.

Одлуката нема да биде лесна. На една страна е огромната сума, а на другата продолжувањето на кариерата и настапите против некои од најдобрите екипи на светот.

Саудиците немаат намера да запрат кога станува збор за големи понуди. Дефинитивно се обидуваат да донесат сè што е најдобро во светскиот фудбал.

Дали Ливаковиќ ќе биде дел од првенството на Саудиска Арабија ќе знаеме многу наскоро.

Доминик Ливаковиќ во дресот на Фенербахче во две сезони одигра 67 натпревари. 26 пати ја задржа мрежата чиста, а прими 71 гол.

Во моментов кај Жозе Мурињо, верувале или не, е втор голман. Поради тоа Португалецот е жестоко критикуван, но нема намера да ја промени одлуката.

Фенер веќе активно бара нов голман за новата сезона. Меѓу главните кандидати се Србинот Миле Свилар и Бразилецот Алисон Бекер од Ливерпул.

Да потсетиме, Ливаковиќ најголем дел од кариерата го помина во загрепскиот Динамо, а претходно беше член на НК Загреб.

Сега пред него можеби е и најголемата одлука во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …