
Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Американски Држави, по една недела лекување во болница во Италија, откако ја скрши левата нога на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
„Не сум застанала на нозе повеќе од една недела… бев неподвижна во болничкиот кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, враќањето на домашна земја е неверојатно чувство”, објави Вон на социјалната мрежа „X“ со емотикони од американско знаме.
„Голема благодарност до сите во Италија кои се добро грижеа за мене”, наведе Вон.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Оваа 41-годишна скијачка имаше најмалку три операции поради фрактурата на левата нога во Италија. Претходно беше најавено дека ќе ѝ бидат потребни нови операции во САД.