Дома Фудбал Леверкузен не попушта: Одбиле неверојатна понуда за Вирц!

Леверкузен не попушта: Одбиле неверојатна понуда за Вирц!

Флоријан Вирц, извонредниот 22-годишен германски офанзивен играч од средниот ред, ги договори личните услови со Ливерпул, каде што сака да се пресели од Баер Леверкузен. Сепак, уште не е договорен износот за трансферот на Вирц. Според „Билд“, Леверкузен ја одбил почетната понуда од 135 милиони евра и бара минимално 150 милиони евра.

Ливерпул веќе оваа сезона купи играч од Леверкузен – Холанѓанецот Џермеин Фримпонг – за 40 милиони евра. Вирц, кој зад себе остави две фантастични сезони во Леверкузен, е голема желба на многу клубови, но Ливерпул има мала предност. Сепак, германскиот клуб влезе решително во преговорите и нема да го продаде под цената што ја бара, објавува „Билд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ако Ливерпул плати повеќе од 100 милиони евра за него, што е веројатно, ќе биде тоа најголемиот трансфер досега во историјата на „црвениот“ клуб. Вирц е еднакво добар и како креатор и како изведувач во нападот, што ја прави неговата цена толку висока. Минатата сезона постигна 16 голови и помогна со 15 асистенции во 45 настапи.

Фото: Bayern Leverkusen/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го пронајде играчот за спас на сезоната

Ливерпул го насочи својот интерес кон Мики ван де Вен од Тотенхем во обид да ја засили сво…