Дома Фудбал Левандовски по Барса се сели во италијански гигант

Левандовски по Барса се сели во италијански гигант

Роберт Левандовски игра повторно како некогаш и јасно е дека го следат бројни великани.

Иако има 37 години, тоа не се чувствува во играта на Роберт Левандовски кој е одличен во намалената минутажа, бидејќи е посвеж..

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Денес пристигнува бомбастична информација дека Левандовски е мета на Милан! 

Милан е познат по тоа што привлекува ветерани кои немаат рок на траење, Лука Модриќ е последниот во низата такви, порано ги погодиле и со Оливије Жиру, а сега на истиот пат може и Левандовски.

Полјакот е во последната година од договорот, засега нема назнаки дека би можел да остане во Барселона, иако е тој волен да прифати значително намалување на платата за да го продолжи престојот за уште една година.

Но, како што пишувавме порано денес, следува претседателска година и Жоан Лапорта мечтае за Хулијан Алварез како бомба за продолжување на мандатот. 

Левандовски пристигна во Барса летото 2022 година за 45.000.000 евра и го оправда секој износ и продолжува да се оправдува и во последната сезона…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тоте…