Дома Фудбал Летово ќе се памети: Договорен уште еден голем трансфер, а овој пат главната улога ја има Челси

Летово ќе се памети: Договорен уште еден голем трансфер, а овој пат главната улога ја има Челси

Летниот трансфер период веќе ни донесе неколку одлични трансфери, но изгледа најдоброто допрва доаѓа. Во центарот на вниманието е Чави Симонс кој сигурно заминува од Лајпциг и името на неговиот нов клуб веќе е познато.

Симонс важи за еден од најголемите потенцијали во светот на фудбалот, а колку е талентиран тој покажал низ претходните сезони со одличните настапи во дресот на Лајпциг.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, откако германскиот клуб минатата сезона не успеа да се пласира во Европа, репрезентативецот на Холандија веднаш им даде до знаење на челниците на клубот дека сака да го напушти клубот.

Во изминатите недели се поврзуваше со неколку европски клубови, а најголем интерес покажа Арсенал, кој сепак не успеа да се договори за пристапот на Симонс.

Сепак, во сè тоа се вклучи и градскиот ривал Челси кој му понуди на Симонс повеќегодишен договор и експресно успеаја да ги договорат условите со овој играч за врска.

Потоа Сините контактираа и со Лајпциг за да се информираат за цената на Симонс и според англиските медиуми утрово трансферот на овој 22-годишник е завршена работа и сигурно ќе оди во Челси.

Симонс оваа недела ќе отпатува за Лондон за да ги направи лекарските прегледи, а со Сините ќе потпише договор до летото 2032 година со можност за продолжување на договорот на уште една година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…