
Некогашен врвен дефанзивец и легендарниот капитен Џон Тери, има животопис каков што посакува секој фудбалер. Но, и покрај тоа, сега не може да пронајде тренерски ангажман и признава дека е фрустриран поради оваа ситуација.
Да потсетиме, во својата кариера, меѓу другото, ја освои Лигата на шампионите и беше петкратен освојувач на Првенството на Англија со Челси, а од јули 2023 година чека соодветна можност за тренерска позиција.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во разговор за Daily Mail, Тери открива дека негова најголема цел е да го води Челси, но исто така е свесен дека тој сон можеби никогаш нема да се оствари.
“Не сум сигурен дали тоа некогаш ќе се случи, искрено. Тоа е мојот последен голем сон. Во Челси постигнав сé. Сега, единственото што ми недостасува е да бидам менаџер на фудбалски клуб,” изјави Тери.
Како помошен тренер во Премиер лигата и со искуството што го стекнав како играч, мислев дека тоа ќе биде доволно за да добијам работа. Не зборувам за работа во Премиер лигата или Чемпионшипот – туку работа на ниво на Лига Еден,” вели Тери.
Но, ни такви понуди не доаѓаат. “Ниту една шанса не добив. Имав интервјуа и одгворот секогаш е „немате доволно искуство’. Кога гледам некои луѓе како водат екипи денес, тоа навистина ме збунува. Дали сум фрустриран? Да, апсолутно, бидејќи имам многу добри квалитети за да бидам одличен тренер или менаџер, но, за жал, тоа не се случи,” заклучи Тери.