
Познатиот напаѓач Луис Суарез на крајот од оваа година ќе биде слободен играч, бидејќи му истекува договорот со Интер од Мајами.
Според шпанскиот Ас, Уругваецот сериозно размислува по истекот на договорот да стави крај на својата феноменална кариера. Искусниот голгетер има 39 години и веќе подолг период се соочува со проблеми со коленото, што го отежнува неговото редовно настапување на натпревари секоја недела.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Суарез би сакал да се прости од Интер на позитивен начин – со освојување на титула. Моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 постигнати гола, додека на првото место се наоѓа Лионел Меси со 50 постигнати гола.
Неодамна, Суарез објави нов проект во Уругвај, формирајќи клуб заедно со својот аргентински колега. Се шпекулира дека уругвајскиот напаѓач би можел комплетно да се посвети на новиот клуб, особено ако реши да стави точка на својата играчка кариера.
Интер има амбициозни планови за иднината, откако Светското клубско првенство покажа како тимот се носи против некои од најдобрите тимови на светот. Изгледа дека клубот е повеќе фокусиран на задржување на Меси и доведување на врвни играчи за да создаде конкурентен тим. Според најновиот извештај, Суарез не е дел од тие планови.