
Англискиот фудбалски стручњак Рој Хоџсон, по две години пензија, повторно ќе го води Бристол Сити до крајот на актуелната сезона, објави денеска клубот од англиската втора лига.
По смената на австрискиот тренер Герхард Штрубер, Хоџсон повторно го презема тимот на познатите „црвендила“, каде што работеше во 1982 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На само пет кола до завршувањето на сезоната Бристол Сити е на 16-то место на табелата во Чемпионшип. Тимот нема шанси да се бори за пласман во плејофот за влез во Премиер лигата, но е осигурана и од испаѓање во понизок ранг. Последен пат Хоџсон работеше како тренер на Кристал Палас во сезоната 2023/24.
Порака од Рој Хоџсон. pic.twitter.com/rdMTKDTM7D
— Bristol City FC (@BristolCity) March 27, 2026