
Андриј Шевченко го посети тренинг кампот на Милан, при што топло се поздрави со Лука Модриќ и размени неколку збора со него.
Легендарниот напаѓач и актуелен претседател на Украинскиот фудбалски сојуз учествуваше на еден падел настан во Милано, а ја искористи таа можност за посета на својот поранешен клуб каде има оставено значаен белег.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
“Секогаш е огромно задоволство да се вратам во Милан. Имам прекрасни спомени, и кога го гледам Милан среќен, и јас сум среќен”, изјави Шевченко.
Разменил неколку мисли со капитенот на Хрватска: “Неговата скромност секогаш ме воодушевува, и се однесува како вистински лидер. Ми рече дека е многу среќен во Милан и дека навивачите се посебни”, откри Шевченко за разговорот со Модриќ во интервју за Tuttosport.
На крајот се осврна и на состојбата во својата татковина:
“Војната трае веќе четири години. Тешко е, можеби оваа зима беше најтешка. Нашата репрезентација се бори за учество на Светското првенство и ако успееме, тоа би било прекрасен подарок”, заврши Шевченко.