
Адриан Муту беше еден од најталентираните романски фудбалери во историјата. Освен добрите партии на теренот, остана познат и како играч кој падна на тестот за дроги. Заради тоа, неговата кариера се урна и впечатокот е дека никогаш не стана играч каков што можеше да биде. Во интервју за британскиот Telegraph, тој изјави дека би освоил Златна топка доколку не беше зависник од кокаин.
“Се дрогирав со кокаин додека играв за Челзи. Тоа беше најлошата одлука во мојот живот. Требаше да побарам помош, но не го сторив тоа. Верувам дека можев да ја освојам Златната топка. Бев еден од најдобрите играчи во светот”, изјави Муту, кој настапуваше за Челзи две сезони, од 2003 до 2005 година.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Поранешниот романски репрезентативец денес има 45 години и одлучи да стане тренер. Не беше многу успешен во својот последен обид. По преземањето на романскиот Клуж, доби отказ за само два месеца. Со инаку успешниот клуб имаше само пет победи во 11 натпревари. Последно го водеше Петролул, и тоа само десет натпревари. Доби отказ пред десетина дена.
Во играчката кариера, најдобар беше играјќи за Челзи на почетокот од 2000-тите. Но, отиде на грд начин. Беше позитивен на тестирање за кокаин во 2004 година. По тој скандал, неговата кариера тргна надолу. Мораше да паузира поради казната. Потоа играше за Јувентус, Ливорно, Фиорентина, Чезена, Ајачио, Петролул и индиски Пуна Сити.