Дома Фудбал Легенда на Реал Мадрид поради сериозни проблеми завршил во болница: Речиси бев мртов!

Легенда на Реал Мадрид поради сериозни проблеми завршил во болница: Речиси бев мртов!

Легендарниот шпански напаѓач Фернандо Морјентес зборуваше за здравствениот проблем поради кој неколку дена мораше да биде во болница.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Валенсија страдал од белодробна емболија, која ја добил поради многубројните патувања со авион.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Се чувствував лошо по толку патувања, а на едно од нив почна да ме стега во градите. Почувствував како убод и мислев дека е нешто минливо па не сакав да одам во болница”, започна Морјентес своето излагање и додаде:

“Сепак, кога дојде ноќта, пак почувствував болка и отидов кај докторот. Најдоа згрутчувања на крвта поради кои морав да останам во болница. Станува збор за згрутчување кое се создаде во коленото поради вишокот воздух во авионот. Крвта ми почна да се згрутчува и поминав пет дена во болница, скоро умрев”.

Додаде дека докторите му рекле дека ќе се опорави целосно и дека ќе треба поактивно да ги избира своите патувања, а исто така и им се заблагодари на лекарите што му го спасија животот.

Да потсетиме, поради истата болест нашиот легендарен кошаркар Мирза Телетовиќ беше принуден да ја заврши кариерата порано отколку што планираше.

Да додадеме дека Морјентес ја започна својата кариера во Албасете, а играше и за Сарагоса, Реал Мадрид, Монако, Ливерпул, Валенсија и Марсеј.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 47 натпревари и постигна 27 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…