
Во недела ќе се игра еден од најголемите дербија на светскиот фудбал – Дерби дела Мадонина помеѓу Милан и Интер. Но овојпат станува збор за многу повеќе од градско ривалство, бидејќи резултатот може значително да ја насочи трката за титулата шампион на Италија.
Интер влегува во дуелот со десет бодови предност на врвот на табелата. Победата на „нераѕурите“ практично би ги доближила до скудетото, додека евентуалниот триумф на „росонерите“ повторно би го комплицирал првенството и вратил надеж на навивачите на Милан.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во пресрет на големата пресметка се огласи и легендарниот Бразилец Рикардо Кака, освојувач на Златната топка од 2007 година и еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Според неговите зборови, клучниот човек на дербито би можел да биде – Лука Модриќ.
„Лукита е природна сила. Фантастично е да се гледа неговиот ентузијазам, лидерство и техника. Игравме заедно во Реал и добро знам каков менталитет има. Можеби ме малку изненадува што сè уште е толку мотивиран по сите освоени трофеи, бидејќи е човечки малку да се изгуби жарот кога ќе освоиш сè. Но Лука е неверојатен – сè уште сака да игра, да го води тимот и да троши енергија“, рече Кака.