
Загрепски Динамо, по поразот од 3:0 од Истра, е трет на табелата со осум бодови зад водечкиот Хајдук.
Тимот, откако го води Фабио Канааваро, има седум победи, два нерешени и пет порази, а во медиумите и меѓу навивачите се претпоставува кој би можел да го наследи Италијанецот, кој не успеа да се истакне.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Словенечкиот портал Екипа известува дека двајца шпанци се кандидати за преземање на клупата на Модрите. Станува збор за Алберт Риера, кој моментално го води словенечкото Цеље и Виктор Санчез.
“Динамо многу сериозно размислува за Риера, но уште не е одлучено да го доведе. Можно е Канааваро да остане до крајот на сезоната или Динамо да најде привремено решение, но скоро сигурно нема веднаш да назначи нов постојан тренер“, пишува Екипа.
Таму новинарите го прашаа Риера за преземање на Динамо:
“Да разговараме за тоа по завршувањето на сезоната.”
Алберт Риера е поранешен шпански репрезентативец и некогашна ѕвезда на Ливерпул. Во Галатасарај ја започна тренерската кариера, ги водеше Олимпија и Бордо, а летово го започна вториот мандат во Цеље.
Санчез има 49 години и како тренер работел во Депортиво, Олимпиакос, Бетис, Малага, Картагена. Моментално е на клупата на љубљанската Олимпија.