
Никола Јокиќ не успеа да ја однесе Србија до медал на Евробаскетот, а натпреварот и поразот од Финска на 30-годишната ѕвезда на Денвер Нагетс би можел да биде последен во националниот дрес.
Србија денеска од легендарниот Жарко Паспалј дозна шокантни вести. Постои голема можност НБА ѕвездата Никола Јокиќ повеќе да не игра за националниот тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Паспалј во разговор за ТВ К1 беше многу директен. Тврди дека Јокиќ многу тешко повторно ќе го облече дресот на Орлите.
“Ќе биде многу тешко,” вели кошаркарската легенда и потоа го објасни својот став.
“Беше: Јокиќ, Јокиќ, Јокиќ. Го исцрпивме, играше против сите. Ќе видиме кој ќе биде новиот тренер,” рече Паспалј.