Дома Фудбал Лажниот Кристијано Роналдо му се обрати на Португалецот од трибините, овој му пријде и го шокираше: “Многу си грд”

Лажниот Кристијано Роналдо му се обрати на Португалецот од трибините, овој му пријде и го шокираше: “Многу си грд”

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср и капитен на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, каде и да се појави, има голема поддршка и навивачка база. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има и огромен број на фанатични фанови, од кои многумина сакаат да изгледаат како него.

Така, во Саудиска Арабија се појави навивач кој се труди да изгледа целосно како Роналдо.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Неодамна се појави на еден натпревар на Ал Наср и секогаш е блиску до теренот на трибините, за да може да воспостави контакт со Португалецот.

Роналдо му отпоздрави на претходниот натпревар и му крена палец. Меѓутоа, кога повторно се појави на новиот натпревар, овој пат против Ал Шабаб, Роналдо имаше сосема поинаква реакција.

Сега навивачот беше во дрес на Португалија, повторно му се обрати на Роналдо, но кога тој му пријде, следеа зборови што веројатно го шокираа, иако можно е Роналдо да ги изрекол во шега. – Не изгледаш како мене, многу си грд – рече Роналдо со насмевка, а снимката стана хит на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изрази признание за Пари Сен Жермен за одличната игра, но …