Дома Фудбал Лазаров: Малку ми е жал, имаме повисоки амбиции

Лазаров: Малку ми е жал, имаме повисоки амбиции

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски истакна дека сите во таборот треба да бидат задоволни од постигнатото.

„Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа. Психолошкиот притисок да бркаме разлика си го направи своето. Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе. Заслужуваме да бидеме во главната фаза. Горд сум на момците. Покажавме дека можеме. Ако победевме со поголема гол-разлика можеби ќе се надевавме на нешто. Во секој случај треба да сме среќни од прикажаното на овој турнир. Оваа генерација ветува уште поголеми резултати и тоа треба да го прикаже на теренот“, изјави Кузманоски.

Победивме и кога ќе сумираме се треба да бидеме горди што направивме. Во овие три натпревари со цвртси, јаки противници. Видовте дека Романија е јака, цврста репрезентација која што знае што сака. Малку ми е жал. Жал ми е што почнавме многу добро заслуживме да имаме малку поголема концентрација, фокус, верба, како да се изненадивме од фактот што можевме уште на полувреме да водиме седум осум разлика. Тука некако и како тренер се почувствува немоќно. Не можам ништо да им замерам. Нашите амбиции се повисоки. Сакавме во топ 12, да не зборуваме пред време но сакавме во топ дванаесет. Мислам дека заслуживме“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор. К…