
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во Копар од 18:30 часот игра натпревар од четвртото коло од квалификациите за Европското првенство 2026 година против селекцијата на Словенија.
Сепак, ова нема да биде обичен натпревар, особено за Македонците, бидејќи се игра на денот на големата трагедија.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Во пожарот кој избувна во дискотека во Кочани, според последните информации, животот го загубија 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Поради оваа трагедија, вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Македонија ќе започне со минута молк, а македонските ракометари ќе носат црни ленти околу раката.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го соопшти списокот на играчи за вечерашниот натпревар.
Тоа е веројатно најтешкиот список во неговата кариера, а сигурно на момците нема да им биде лесно да играат кога знаат каква трагедија ја снајде нивната држава.
Составот на Северна Македонија за вечерашниот натпревар: Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузманоски, Марко Митев, Валентин Карасманак (Карасманаков), Иван Гелевски, Филип Кузманоски, Ненад Костески, Александар Петрковски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Иван Ѓонов, Марко Стојковиќ, Мартин Серафимов, Павле Атанасиевски.