
Жоан Лапорта одлучи да „долие масло на огнот“ пред новото Ел Класико.
Пред финалето на Суперкупот на Шпанија кое ќе се игра во Саудиска Арабија, од Барселона стигнаа пораки кои дополнително ја вжештија веќе возбудливата атмосфера пред Ел Класико.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта престојуваше во Џеда на свечен прием организиран од Шпанската фудбалска федерација (RFEF), каде што без задршка зборуваше за односите со Реал Мадрид и не кажа ништо убаво.
„Нашите односи со Реал Мадрид се многу лоши и моментално се прекинати. Секогаш можат да се подобрат, но во овој момент состојбата е таква каква што е“, порача Лапорта, јасно алудирајќи на сериозната институционална криза меѓу двата најголеми шпански клуба.
Сепак, првиот човек на Барселона нагласи дека, и покрај сè, почитта кон најголемиот ривал не смее и нема да исчезне.
„Тоа не значи дека нема респект, бидејќи тој секогаш постои, без разлика какви се односите. Така и ќе се однесуваме. Во фудбалот сè може да се подобри, но тоа зависи од двете страни“, додаде Лапорта.