Дома Фудбал Лапорта ги нападна Ла Лига и шпанската федерација: Сакаа да ја дестабилизираат Барселона

Лапорта ги нападна Ла Лига и шпанската федерација: Сакаа да ја дестабилизираат Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, утринава одржа прес-конференција на која главно зборуваше за сапуницата околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, но исто така ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб со информација која со години ја чекаа.

Лапорта беше жртва на големи критики во изминатите две недели откако истече регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, кои немаа право да настапуваат за Барселона по 31 декември.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Барселона трипати се обиде да ги регистрира, но Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија тоа го одбија. Дури откако Лапорта вложи жалба во Судот, регистрацијата беше одобрена, бидејќи судот нареди на Ла Лига да го направи тоа.

Тие потврдија дека документацијата е чиста, а Лапорта знаеше како да го прослави тоа. Денес на прес-конференција, тој остро ја критикуваше Ла Лига и ФС Шпанија за сè што се случуваше.

„Никогаш нема да си дадам оставка за одлуки кои ги донеле Ла Лига и Федерацијата. Ние не се предаваме, тие се обидоа да го дестабилизираат клубот, фудбалерите и тренерот“, вели Лапорта.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити прокоцка победа, Челзи се спаси од пораз

Сити продолжи со лошите резултати и ремизираше против Брентфорд, а Челзи дефинитивно е во …