Дома Фудбал Лајпциг го замени Шешко со Бразилец, плати 20 милиони евра!

Лајпциг го замени Шешко со Бразилец, плати 20 милиони евра!

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша договор на пет години со Лајпциг.

Според магазинот „Кикер“, Лајпциг ќе инвестира до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а останатите пет милиони зависат од можни бонуси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Минатата сезона Ромуло играше како позајмен во Гозтепе, каде постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Тој ја започна својата кариера во Атлетико Паранаенсе.

Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешко, кој овој месец премина во Манчестер Јунајтед со трансфер кој може да достигне 85 милиони евра.

„Ромуло ги комбинира својата физичка сила со врвна техника и неверојатно чувство за гол. Тој е разновиден во нападот, способен да игра како класична деветка или на други позиции“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Марсел Шефер.

Лајпциг ја отвора новата сезона во сабота со натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во Купот, пред започнувањето на Бундеслигата на 22 август, против Бајерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид може да заработи 30 милиони евра од фудбалер кој си замина пред три години

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение…