![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-08-130624-850x491.jpg)
Вечерва од 21:00 часот се игра традиционалното мадридско дерби меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Во рамките на 23. коло на Ла Лига, уште еднаш силите ќе ги одмерат старите градски ривали Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Официјалната Инстаграм страница на Ла Лига одлучи да посвети една објава на најдобрите голови кои се постигнати на дербито на Мадрид.
Тоа не би било ништо чудно или невообичаено, ако не направија нешто речиси незамисливо. Од десетте голови што ги издвоиле, сите беа на Реал Мадрид.
Многу навивачи во коментарите беа изненадени поради тоа, а дури се поставува и прашањето дали ова е случајност или сепак пристрасност.
“Зошто тука се само головите на Реал Мадрид”, “Дали ова е профил на Ла Лига или на Реал Мадрид” се само дел од коментарите под објавата.
Во најмала рака, чуден потег на луѓето кои ја водат Инстаграм страницата на Ла Лига, кои со овој чин непотребно привлече внимание на себе.