Дома Останати Ракомет Кузмановски: Тежок беше патот до СП, ова е награда за нашата напорна работа!

Кузмановски: Тежок беше патот до СП, ова е награда за нашата напорна работа!

Македонската ракометна репрезентација успешно обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство (СП) благодарение на убедливата победа против Гвинеја.

Капитенот Филип Кузмановски, кој блесна на натпреварот против Гвинеја како најистакнат играч, ги сподели своите впечатоци за досегашниот настап на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Навистина сме среќни за денешниот натпревар и победата против Гвинеја, ова беше награда за напорната работа пред првенството. Одигравме квалитетен меч против Унгарија, но не нè посака среќата. Сите знаеме колку беше тешко да се пласираме на Мундијалот, ги победивме Фарски Острови и покажавме која е Македонија. Ветувам и верувам дека со момците ќе одиме чекор по чекор и ќе дадеме сè од себе. Се подготвуваме за дуелите против Австрија, Катар и Франција“, кажа Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

На повидок неочекувана „бомба“ – Кристофер Нкунку!

Баерн Минхен се впушти во трка за Кристофер Енкунку, а Челси е подготвен за преговори. Отк…