Дома Останати Ракомет Кузмановски: Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво!

Кузмановски: Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво!

Македонската ракометната репрезентација продолжува со подготовките за Светското првенство во Стара Пазова, а денеска за атмосферата зборуваше Филип Кузмановски.

Како што вели Кузмановски расположението и атмосферата се на највисоко ниво.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив.

Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството.

Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“, изјави Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…