Дома Останати Ракомет Кузмановски: Расположени сме и мотивирани, ќе дадеме сѐ за добар резултат на Македонија

Кузмановски: Расположени сме и мотивирани, ќе дадеме сѐ за добар резултат на Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија интензивно ги продолжува подготовките за Светското првенство, кое ќе се одржи во јануари следната година. Со целосна посветеност, ентузијазам и јасно поставени цели, селекцијата предводена од Кирил Лазаров се подготвува да се соочи со најдобрите ракометни нации.

Филип Кузмановски, еден од најискусните членови на тимот, истакнува дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и дека мотивацијата е на највисоко ниво.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Расположението е извонредно, а мотивацијата ни е огромна. Пред нас е уште едно големо натпреварување, и сите сме свесни за напорот што го вложивме за да дојдеме до оваа точка. Работиме напорно и посветено за да го оправдаме местото што го заслуживме во овој колектив,“ изјави Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Историја за Охрид: Ќе игра европско полуфинале!

Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историски успех, обезбедувајќи пласман во полуфиналето н…