Дома Фудбал Кукуреља призна по половина година: Германија била оштетена против Шпанија!

Кукуреља призна по половина година: Германија била оштетена против Шпанија!

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукурела, половина година по Европското првенство во Германија, призна дека Германците биле оштетени за пенал во четвртфиналето против „Црвената фурија“.

Шпанците ги совладаа Германците во четвртфиналето на Еуро со резултат 2:1 по продолженија, а натпреварот можеше да заврши со различен резултат доколку судијата Ентони Тејлор досудеше пенал за Германија во 106-тата минута на натпреварот.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Мусијала шутна, а неговиот удар беше блокиран од играчот на Челзи, и тоа со рака, но судијата Тејлор не покажа на белата точка иако сега тоа го призна и самиот Кукурела.

“Ако тоа се случеше против нас, сигурно ќе протестрав и би рекол дека е пенал, но тоа е фудбалот. Помислив во себе, проклето, судијата беше близу мене и кажа дека не било пенал. Топката на Мусијала ја удри мојата рака многу јасно и тоа не може да се порекне, но раката ми беше во сосема нормална положба. Нема како да ја отсечам”, рече Кукурела и потоа продолжи:

“Германците мислат дека поради тоа биле елиминирани, но уште имаше многу време до крајот. Можеме и ние да кажеме дека требаше да го исклучат Тони Крос. На крајот секогаш сте незадоволни кога губите, тоа е фудбал и не можете да направите ништо”, додаде тој.

Да се потсетиме, Крос (34) грубо го фаулираше Педри во четвртата минута од четвртфиналниот дуел, а за тоа не доби ниту жолт картон иако играчот на Барселона мораше да биде заменет поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Правнукот на Мусолини даде гол, а навивачите го прославија на срамен начин (Видео)

Натпреварот од 18. коло на Серија Б, во кој Јуве Стабија ја победи Чезена со 1:0, не беше …