Дома Фудбал Куња нападна Србин – го удираше неколку пати, па се обиде да го нокаутира со глава (Видео)

Куња нападна Србин – го удираше неколку пати, па се обиде да го нокаутира со глава (Видео)

Фудбалерите на Борнмут го совладаа Вулверхемптон во ФА купот по успешното изведување на пенали, а натпреварот го одбележа и еден необичен инцидент на теренот. Бразилскиот напаѓач Матеус Куња и српскиот фудбалер Mилош Керкез, кој игра за репрезентацијата на Унгарија, се судрија на теренот, неколку секунди пред последниот свиреж.

Бразилецот Куња доби црвен картон затоа што повеќе пати го нападна и го удри Керкез, кој доби жолт картон за несоодветно однесување. Во оваа пресметка, тој го извлече подебелиот крај – напаѓачот на Вулверхемптон прво го удри со рака по лицето, а по малку туркање се обиде да го удри и со глава во лице! Погледнете ги деталите од натпреварот:

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Куња го заврши натпреварот пред пенал серијата, а Керкез не беше меѓу изведувачите за Борнмут во првите шест серии, кои беа доволни за да обезбедат победа и премин во следната фаза на ФА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…