
Тони Крос за време на својот престој во Реал Мадрид освои речиси сè што можеше и имаше извонреднa соработкa со Зинедин Зидан и Карло Анчелоти. Но, поранешниот германски ас одлучи јавно да каже кој од нив двајца му е подобар тренер.
Крос го изненади светот на фудбалот летото 2024 година кога објави дека се повлекува од играчката кариера иако имаше само 34 години. Сепак, тој сметаше дека е време за таков потег.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Германскиот играч за врска помина дури десет години во Реал Мадрид, освојувајќи сè што можеше со клубот.
Пристигна во Мадрид од Баерн за сума од 25 милиони евра, одлука која се покажа како идеална.
За време на неговиот престој во Мадрид, работеше со неколку тренери, но особено се издвојуваат соработките со Зинедин Зидан и Карло Анчелоти, со кои тимот постигнуваше неверојатни успеси во последната деценија.
Крос имаше исклучителна соработка со двајцата, бидејќи и кај Зидан, и кај Анчелоти одигра важна улога во екипата, и беше еден од клучните фудбалери во средниот ред.
Сепак, германскиот играч на крај реши да открие кој од нив двајца за него е подобар тренер.
“Меѓу Зидан и Анчелоти би го одбрал Анчелоти. Карло подобро од било кој друг знае како да управува со голем тим, што го докажа преку својата неверојатна тренерска кариера”, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид.
🚨🗣️ 𝗡𝗘𝗪: Toni Kroos: “Between Ancelotti and Zidane, I would pick Ancelotti.”
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) March 10, 2026
“Carlo understood better than anyone how to manage a big team.” pic.twitter.com/16qOYwabdT
Во дресот на Реал Мадрид, Крос одигра вкупно 465 натпревари во кои постигна 28 голови и додаде 99 асистенции.
Покрај Реал и Баерн, во кариерата играше и за Баер Леверкузен. Во дресот на германската репрезентација одигра 114 натпревари и постигна 17 погодоци, а ја освои светската титула со тимот во 2014 година.