Дома Фудбал Крос откри скриени детали од соблекувалната на Реал Мадрид

Крос откри скриени детали од соблекувалната на Реал Мадрид

За многумина еден од најдобрите играчи во средниот ред во модерната ера на фудбалот беше Тони Крос, кој во јули 2024 година одлучи да ја заврши својата професионална фудбалска кариера.

Крос сè уште се одмора од фудбалот, а ќе видиме дали е подготвен да преземе некоја нова улога во наредниот период.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Додека се одмора во „пензија“, Крос редовно ги следи натпреварите на својот поранешен клуб, Реал Мадрид, во кој остави длабока трага и со кој ги освои сите можни титули.

Германецот понекогаш ја користи приликата и да ги коментира игрите на Реал за одредени медиуми, а сега тоа беше случај за италијанските медиуми.

„Ова беше многу напорна сезона. Можете да видите дека многу од нив мораа да играат речиси цело време, губат многу натпревари кои никогаш претходно не ги изгубиле“, започна Крос и потоа откри една важна работа.

„Многумина тоа не го знаат, но во Реал веднаш чувствувате кога нешто не оди добро по првата грешка, тоа не е обичен клуб.“

Повредите беа проблем, особено во одбраната.

„Очекувате Реал Мадрид да биде тим што ја поставува играта од одбраната, а за да го направите тоа, ви се потребни вистинските играчи. Многу играчи имаа повреди од задната линија и во таква ситуација тешко е да се игра против најдобрите тимови на денешницата“, истакнува Германецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Јамал е одличен, но не може да се спореди со Марадона и Меси“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, смета дека Ламин Јамал треба да ја освои …