
АРСЕНАЛ се соочи со нов, тежок удар во одбраната. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради сложена повреда на зглобот на ногата, која ја доби во победата над Брентфорд средината на неделата.
Со оглед на тоа што Габриел и Вилијам Салиба веќе се надвор од строј, „Топџиите“ се соочуваат со се подлабока криза на одбранбените позиции во клучен период од сезоната.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал со 2:0 над Брентфорд, откако незгодно приземји, а првичните проценки велат дека шпанскиот бранител ќе отсустува меѓу шест и осум недели.
Клубот сè уште чека на деталните резултати од прегледите за да го потврди точниот обем на повредата. Неговиот изостанок дополнително ја продолжи листата на повредени бранители и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на повеќе фронтови.
Овој удар доаѓа во момент кога Арсенал веќе е без својот стандарден дефанзивен пар, Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќање по полесна повреда на тренинг, додека Бразилецот поради проблеми со бутниот мускул би можел да биде надвор од терен до јануари. Во нивно отсуство, Москера беше дел од дефанзивниот тандем со Пиер Хинкапи, носејќи му на Артета многу потребна стабилност пред ова последно незгодно патување.