Дома Фудбал Криза во Манчестер јунајтед: За да има пари за засилувања, газдата ќе отпушта вработени

Криза во Манчестер јунајтед: За да има пари за засилувања, газдата ќе отпушта вработени

Британскиот милијардер 72-годишниот Џим Ратклиф, кој е најголемиот индивидуален акционер на Манчестер Јунајтед, најави значително отпуштање на вработените во клубот од Олд Трафорд за да се ослободи средства за нови играчки засилувања, известија британските медиуми. Неговиот план предвидува отпуштање на меѓу 100 и 200 вработени на Јунајтед. Клубот има 1112 вработени.

Парите кои ќе ги заштеди со намалување на бројот на вработени ќе ги потроши на играчки засилувања, бидејќи амбициозниот Ратклиф сака клубот да се врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал. Џим Ратклиф е основач и првиот човек на мултинационалната хемиска компанија INEOS. До 2023 година беше најбогатиот Британец, а неговото богатство беше проценето на 29,68 милијарди фунти (35,57 милијарди евра).


Клучот на иднината! ↓↓↓


На листата на најбогати го престигна Британецот со индиско потекло Гопи Хиндуја чиe богатство беше проценето на 35 милијарди фунти (41,95 милијарди евра).

Во декември 2023 година, Ратклиф купи 25% од акциите на Манчестер Јунајтед, па така тој и неговата фирма „Инеос Спорт“ со вкупно 28,94% станаа најголемиот индивидуален акционер на Јунајтед. Главен сопственик на клубот и понатаму е американското семејство Глејзер, кое е и сопственик на НФЛ екипата Тампа Беј Бакакнирс.

Со зголемувањето на својот удел во сопственичката структура на клубот, Ратклиф стана првиот човек на фудбалските операции во Манчестер Јунајтед, што значи дека одлучува за сè што се однесува на спортскиот дел на клубот, вклучувајќи именување на тренери, трансфери на играчи и многу други прашања.

Во последните 13 месеци, Ратклиф вложил 240 милиони евра лични средства во клубот. Но, и покрај големите приходи од продажба на билетите, клупските сувенири и телевизиските права за пренос на натпреварите, Манчестер Јунајтед во последните три години нагомила загуба од 360 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед и Челси во битка за еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата

Лиам Делап е еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата. Овој 22-годишен фудбалер игр…