Дома Фудбал Кристијано Роналдо планира инвестиција од 50 милиони евра

Кристијано Роналдо планира инвестиција од 50 милиони евра

Кристијано Роналдо, кој многумина го сметаат за еден од најголемите фудбалери, може да стане акционер на Ал Наср со почетен дел од 15 проценти.

Од декември 2022 година, Роналдо потпиша договор со Ал Наср и досега игра за овој саудиски клуб, водeјќи го кон успех. Изгледа дека Португалецот сериозно размислува за животот после активната кариера на теренот, имајќи предвид дека веќе има 41 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во неговите идни планови е и можноста да стане акционер на клубот во кој игра, држејќи значителен дел од акциите. Според шпанскиот весник “Спорт”, Роналдо има намера да набави 15 проценти од акциите на Ал Наср, бидејќи овој клуб е во процедура на разгледување нови инвестиции.

Вредноста на договорот се проценува на околу 50 милиони евра, а учеството на Роналдо би можело да се зголеми ако одлучи да остане во Саудиска Арабија и по истекувањето на неговиот тековен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзен црвен картон на Валверде ги разлути навивачите на Реал Мадрид

Дербито во Мадрид секогаш носи големи емоции, а синоќешниот возбудлив натпревар само ја ра…