Дома Фудбал Кристијано Роналдо донел одлука за својата иднина

Кристијано Роналдо донел одлука за својата иднина

Кристијано Роналдо ќе продолжи да игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, откако конечно потпишал нов договор, објави новинарот Санти Ауна од “Фут меркато”. Досегашниот договор со клубот од Ријад беше за уште само еден месец.

Пред неколку дена напаѓачот навести дека можеби ќе го напушти Ал-Наср, што веројатно го поттикнало раководството да му понуди уште поповолни услови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо е во овој тим веќе две и пол години, но во тој период не успеа да освои ниту еден значаен трофеј. Освен тоа, Ал-Наср заврши трет во последното издание на првенството, поради што не се квалификува за Азијската Лига на Шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи против Башкими даде два еврогола во две минути! (Видео)

Шкупи сезонава игра очајно и ретко постигнува голови, но ќе ги има едни од најубавите во с…