Дома Фудбал Кристијано и Георгина купија имоти, каде што тешко некој ќе ги најде

Кристијано и Георгина купија имоти, каде што тешко некој ќе ги најде

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез станаа сопственици на две ултралуксузни вили во „The Red Sea Residences“ – дел од комплексот Nujuma, a Ritz-Carlton Reserve Residence (Саудиска Арабија), сместен во срцето на Црвеното море. Ова е изолирано прибежиште, до кое пристапот е можен само со чартер брод или хидроплан.

„Црвеното Море е навистина необично место. Веќе при првата посета со Георгина почувствувавме поврзаност со островот и неговата природна убавина; тоа е место каде што се чувствуваме во мир. Сега, кога имаме дом тука, можеме да уживаме во квалитетно време со семејството во целосна осама и мир, кога ќе посакаме“, изјави Португалецот по купувањето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ова инвестирање во недвижнини е поттикнато од желбата на парот да уживаат со семејството во средина на целосна конфиденцијалност. Дополнително, португалската ѕвезда го зголемува своето богатство со два имоти на една од најрајските и најексклузивни дестинации во светот.

Парот ужива во кристално чистите води и осамата на местото уште од 2023 година, но сега одлучија да го направат следниот чекор и да купат две вили во Nujuma: една со три спални за семејни одмори и втора со две спални. Всушност, Португалецот и Шпанката се меѓу првите купувачи кои го избраа ова место откако ги поминале своите одмори таму.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…