Дома Останати Тенис Крај за Ѓоковиќ и Кирјос: По драматична битка елиминирани во Бризбејн!

Крај за Ѓоковиќ и Кирјос: По драматична битка елиминирани во Бризбејн!

Никола Мектиќ (Хрватска) и Мајкл Венус (Нов Зеланд) се едни од најдобрите двојки на светот и тоа одлично го покажаа на првиот ден од 2025 година.

Тие се први носители во Бризбејн, триумфираа против парот Новак Ѓоковиќ – Ник Кирјос со 6:2, 3:6, 10:8 (во оваа конкуренција третиот сет се игра како супер тај-брејк, до десет освоени поени). Хрватско-новозеландската комбинација во четвртфиналето ќе игра против Британците Кеш и Гласпул.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Првиот сет беше изедначен до 2:2, а потоа Ѓоковиќ и Кирјос нагло попуштија.

Во вториот сет сликата се смени. Единствениот брејк го направија Ѓоковиќ и Кирјос со што поведоа со 4:1 и до крајот ја одржуваа предноста.

Првиот дел од третиот сет донесе предност за Австралиецот и Србино. Поведоа со 7:4, изгледаше дека со победа ќе ја крунисаат подобрата игра во тие моменти, одржуваа разлика до 8:6, а потоа – ги загубија последните четири поени и мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ѓоковиќ нема шанси да биде подготвен за Австралијан опен, нема да ја освои титулата“

Новак Ѓоковиќ беше неочекувано елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн од Аме…