Дома Останати Тенис Крај на соработката: Мареј веќе не е дел од тимот на Ѓоковиќ

Крај на соработката: Мареј веќе не е дел од тимот на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и британската тениска легенда Енди Мареј повеќе нема да соработуваат, потврдија од двата табора. Одлуката е донесена по взаемен договор и значи дека Мареј нема да биде дел од тимот на Ѓоковиќ на престојниот Вимблдон, каде што српскиот ас ќе се обиде да ја освои својата осма титула на овој престижен турнир.

Соработката започна во ноември минатата година, а под водство на Мареј, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Австралија опен, каде што се повлече поради повреда откако го загуби првиот сет.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


И покрај искуството и поддршката што Мареј ја донесе во тимот, оваа сезона беше под очекувањата за Ѓоковиќ. Во четири од последните пет турнири тој испадна во првото коло, а беше поразен и во финалето на Мастерсот во Мајами од 19-годишниот Чешки тенисер Јакуб Меншик.

„Благодарам, тренеру Енди, за целата напорна работа, забавата и поддршката во изминатите шест месеци – вистински уживав додека ја продлабочувавме нашата пријателска врска, и на теренот и надвор од него“, напиша Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос се изнервира: Ако ја славите неговата повреда, тогаш сте најголемото ѓубре на Земјата

Екипата на Бостон Селтикс беше поразена од Њујорк Никс и сега имаат заостанување од 3:1 во…