Дома Фудбал Крај на една ера во Манчестер Сити. По Силва, уште една ѕвезда си заминува од клубот

Крај на една ера во Манчестер Сити. По Силва, уште една ѕвезда си заминува од клубот

МАНЧЕСТЕР СИТИ на крајот од сезоната можеби ќе остане без еден од клучните играчи во најуспешниот период во историјата на клубот. Англискиот репрезентативец Џон Стоунс наводно го напушта „Етихад“, означувајќи крај на една голема ера за „Граѓаните“. Според информации од стручњакот за трансфери, Фабрицио Романо, искусниот 31-годишен дефанзивец е многу блиску до заминување.

Неговиот договор истекува летово и се очекува да го напушти клубот како слободен играч по завршувањето на сезоната. Истите извори велат дека Стоунс сака до крајот на првенството максимално да ја помага екипата, а потоа да го заврши своето поглавје во Сити. Тој беше важен дел од ерата на Пеп Гвардиола, особено во освојувањето на Лигата на шампионите и доминацијата во Премиер лигата, со што испиша клубска историја. Во дресот на Сити одигра 292 натпревари, постигна 19 голови и оствари девет асистенции.

Романо додава дека Стоунс нема да биде единствениот кој ова лето ќе замине од клубот. Потврдено е и заминувањето на Бернардо Силва, што може да означи почеток на поголема реконструкција на тимот. Во секој случај, крајот на сезоната на „Етихад“ ќе донесе емотивна разделба од играчите кои го обележаа еден од најславните периоди на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баркола пристигнува во Ливерпул утре

Напаѓачот на Пари Сен Жермен Брадли Баркола ќе отпатува утре за Ливерпул каде што ќе помин…