Дома Фудбал Кој е судијата што ја „ограби“ Ц. Звезда: Го излуде Меси, а направил хаос и во „Ел Класико“!

Кој е судијата што ја „ограби“ Ц. Звезда: Го излуде Меси, а направил хаос и во „Ел Класико“!

Црвена звезда беше ограбена во Милано, па шпанскиот судија Хесус Хил Манзано се најде во центар на вниманието. Милан победи со 2:1 со гол во самиот финиш на натпреварот, но на тоа претходеше спорна ситуација во која не беше досуден прекршок за Црвена звезда.

Кариерата на Манзано е полна со контроверзии, а на листата на ФИФА Шпанецот се наоѓа веќе десет години, и покрај тоа што суди уште од 2001 година кога ја делеше правдата во третата лига. Од 2012 година суди во Ла Лига, а многумина го паметат по спорните ситуации.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред шест години успеа да го изнервира Лионел Меси по натпреварот на Барселона против Џирона.

Потоа, Манзано грешеше и во Ел Класико каде што досуди спорен пенал и призна гол на Серхио Рамос од офсајд, а Барселона ја оштети и кога му даде црвен картон на Луис Суарез во финалето на Купот.

Натпреварот меѓу Франција и Австрија на Европското првенство му беше единствениот што го водеше на натпреварувањето, бидејќи УЕФА го испрати дома по катастрофалното судење.

Во март оваа година направи неверојатен превид на натпреварот меѓу Реал и Валенсија, каде што го свиреше крајот на натпреварот две секунди пред голот на Мадрид, по што беше суспендиран и казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…