
Наполи официјално ја објави лошата вест поврзана со повредата на Кевин Де Брујне. Повредата на Белгиецот е тешка, и според информациите тој ќе биде надвор од терените 4 месеци, што е кошмарна вест за Антонио Конте.
Де Брујне ја доби повредата за време на дербито со Интер (3:1) и тоа точно додека изведуваше пенал кој го донесе првиот гол против “неразурите”. По постигнувањето на голот, искусниот белгиски играч се фати за бутот, не можеше да продолжи и побара замена, бидејќи не можеше сам да се движи по теренот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
“По повредата добиена во текот на натпреварот против Интер, Кевин Де Броуне се подложи на испитувања во болницата „Пинета Гранде“, кои открија тешко кинење на мускулот бицепс фемор на десната натколеница. Фудбалерот веќе започнал со својот рехабилитациски програм”, стои во соопштението на Наполи.