Дома Фудбал Консеисао го брани Тео, но призна: Атмосферата во тимот не е најдобра!

Консеисао го брани Тео, но призна: Атмосферата во тимот не е најдобра!

Тренерот на фудбалерите на Милан, Сержо Консесао, беше прилично разочаран по неуспехот против Феенорд и елиминацијата од Лигата на шампионите, потенцирајќи дека одговорноста за крајот против холандскиот великан е на него, а не на исклучениот Тео Ернандез.

Милан имаше повеќе од играта против Феенорд во реваншот каде што бркаше негатива од еден гол, но моментот на невнимание на еден од најдобрите леви бекови денес ги чинеше скапо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Дефинитивно доживеавме неуспех. Сакавме да минеме во осмина финале. Овој натпревар покажа дека сме поквалитетни од противникот, но нијансите одлучуваа, како што беше случај неодамна против Динамо во Загреб. Во двата случаи се случи исклучување што не чинеше резултат“, рече Консесао по трауматичниот натпревар на “Сан Сиро”.

Коментирајќи ја одлуката на почетокот на второто полувреме кога Тео Ернандез беше исклучен од игра, португалскиот експерт не сакаше да ја префрли одговорноста на судијата од Полска.

„Може да се каже дека судијата беше пребрз во одлуката, но требаше да бидеме психички посилни. Одговорноста е на мене, не на Ернандез, а сè што имаме ќе го дискутираме во соблекувалната“, нагласи Консесао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…