Кејлор Навас е без клуб веќе шест месеци, но не планира да ја заврши кариерата.
Овој одличен голман има 38 години и бараше нов клуб во претходниот период, а според сите изгледи, кариерата ќе ја продолжи во Аргентина.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Станува збор за тимот Њуелс Олд Бојс, познат по тоа што во него својата младинска кариера ја започна Лионел Меси.
Сè е договорено помеѓу Навас и клубот, остануваат само медицинските прегледи за да се заврши приказната околу неговиот нов клуб.
Во летото Навас беше на прагот на Монца, но тогаш не ги помина медицинските прегледи.
Искусниот Костариканец играше за Саприса, Албасете, Леванте, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Нотингем Форест.