Дома Фудбал Конечно дочека: Педро вчера му се одмазди на Интер за натпреварот од пред 15 години! (Видео)

Конечно дочека: Педро вчера му се одмазди на Интер за натпреварот од пред 15 години! (Видео)

Искусниот шпански фудбалер Педро беше главната причина зошто актуелниот италијански шампион Интер не ја дочека последната недела од Серија А на врвот од табелата, бидејќи со два постигнати гола извојува реми за Лацио, задржувајќи го Наполи на првото место.

Интер имаше победа во рацете се до 90. минута на дуелот на стадионот „Џузепе Меаца“, но невнимателната реакција на Јан Бисек овозможи на гостите од престолнината да се радуваат на освоениот бод.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Педро од пенал ја уништи надежта на Интер за освојување на три бода и лидерската позиција во пресрет на одлучувачкото коло, реванширајќи се себеси и на Барселона за сите страдања што им ги нанесе Интер во блиското или далечно минато.

Иако од тоа време поминаа веќе петнаесет години, љубителите на фудбалот се сеќаваат на пролетта во 2010 година кога Интер на Мурињо ја елиминираше Барселона на патот до освојувањето на Лигата на шампионите.

Таа година, како 23-годишен фудбалер, Педро беше дел од Барселона, и веќе во 23. минута постигна гол за предност на каталонскиот тим од 1:0.

Неговиот гол ги разлути играчите на Интер кои со погодоци на Весли Снајдер, Маикон и Диего Милито го свртија резултатот, поставувајќи го тимот кон финалето на Лигата на шампионите.

Од 20 април таа година, па се до 18 мај оваа година, Педро имаше напори да го совлада Интер и на „Меаца“, а вчера конечно успеа да извлече одмазда против миланскиот гигант.

Интензитетот на дуелите меѓу Педро и Интер се зголеми оваа деценија откако тој се пресели прво на Рома, па сега и на Лацио.

Фото: S.S Lazio/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја завршија сезоната без пораз – но не го освоија првенството

Најтрофејниот клуб во Молдавија Шериф Тираспол, ја заврши сезоната без ниту еден пораз, а …