Дома Останати Кошарка Комична сцена во Евролигата: Кошаркарот сам падна, судијата досуди прекршок против Партизан!

Комична сцена во Евролигата: Кошаркарот сам падна, судијата досуди прекршок против Партизан!

Партизан беше на пат да го прокоцка водството од 20 поени на почетокот на новата сезона во Евролигата пред своите фанови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И покрај тоа, екипата на Жељко Обрадовиќ успеа да ја извојува првата победа во Евролигата, но ако Марко Гудуриќ го имаше погодено последниот шут… Се ќе се свртеше поинаку. Немаше да има сомнеж дека тогаш многу ќе се зборуваше за неочекувано комичната ситуација која се случи 48 секунди пред крајот на натпреварот.

Леандро Болмаро изведуваше дриблинг на контра нападот, кога се случи очигледно спрепнување додека трчаше паралелно со Џабари Паркер. Погледнете видеото погоре за да видите како течеше сиот настан.

Судијата покажа дека е направен прекршок од страна на крилниот центар на Партизан, а Болмаро доби две слободни фрлања кои ги реализираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем чекор: Теодор Симиќ ќе игра во САД

ц Теодор Симиќ ја продолжува својата кариера во САД, откако одлучи да го напушти тимот на …