Дома Фудбал Кој ќе ја освои „Златната копачка“? Најдобриот стрелец е на осмо место, Халанд испадна од топ-3!

Кој ќе ја освои „Златната копачка“? Најдобриот стрелец е на осмо место, Халанд испадна од топ-3!

Ќе биде многу интересно да се види кој на крајот од сезоната ќе ја освои „Златната копачка“. Моментално на врвот се двајца со по 21 гол, односно 42 поени.

Мохамед Салах не постигна гол минатиот викенд, а сепак тој се наоѓа на првото место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Египќанецот има 21 погодок, односно 42 поени, исто како и Хари Кејн во Баерн, па нив двајца моментално го делат првото место.

Интересно е што, Ерлинг Халанд повеќе не е во топ-3. Норвежанецот има 38 поени, односно 19 голови и се наоѓа на 4-то место.

Тоа место го дели со Роберт Левандовски кој до својот 19. гол стигна синоќа во 4:1 победата на Барселона против Севиља.

Интересно е што најмногу голови постигнал играчот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, вкупно 22.

Сепак, поради лигата во која игра, има само 33 поени на својот конто, со оглед на тоа што гол во португалската лига вреди по еден и пол поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…