Дома Фудбал Клуб без вој град стана сензација во ЛШ: Зад успехот стои еден човек!

Клуб без вој град стана сензација во ЛШ: Зад успехот стои еден човек!

Во првите две кола од Лигата на шампионите само шест тима успеаја да соберат максимални шест поени. Меѓу нив се величините како Баерн, Реал Мадрид, Пари Сен-Жермен, Интер и Арсенал, но шестиот тим на оваа листа е најпријатното изненадување на почетокот од најелитното европско клупско натпреварување.

Станува збор за азербејџанскиот шампион Карабаг, кој во првото коло во Лисабон го совлада Бенфика со 3:2 иако губеше со 2:0, а во среда, во второто коло, на домашен терен го победи Копенхаген со 2:0, пишувајќи историја бидејќи досега клубовите од Азербејџан немаа победа во групна или лигашка фаза на Лигата на шампионите.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Всушност, Карабаг е единствениот клуб кој стигнал до оваа фаза – во сезоната 2017/18 заврши последен во групата со два поена. Двапати ремизираше со Атлетико, додека губеше од Рома и Челси. Челси беше особено немилосрден, постигнувајќи десет гола против Карабаг во двата натпревари.

Во тие години Карабаг најчесто играше во Лига Европа, но дури и таму не успеваше да помине подалеку од групната фаза. Промените дојдоа со воведувањето на Конференциската лига, во чие премиерно издание Карабаг стигна до осминафиналето, каде што беше елиминиран од Марсеј. Година подоцна истото му се случи против Гент, а групната фаза во Лига Европа конечно ја помина пред две сезони.

Тогаш направи и чекор напред, елиминирајќи ја Брага во осминафиналето, за потоа да има на искок Байер Леверкузен, кој таа година беше шампион на Германија. Сè до 93. минута на реваншот Карабаг имаше билет за четвртфинале на Лига Европа, но тимот на Чаби Алонсо во последните моменти постигна два гола и го исфрли од натпреварувањето.

Минатата сезона Карабаг беше на прагот да влезе во Лигата на шампионите, но во последното коло од квалификациите беше исфрлен од Динамо со 5:0 во двата натпревара и беше испратен во Лига Европа. Таму, азербејџанскиот шампион беше разочарувачки, завршувајќи со три поени на последното место.

Затоа малкумина очекуваа дека Карабаг оваа сезона ќе биде подготвен за вакви резултати во Европа. Сепак, Азерите почнаа убедливо. Во квалификациите најпрво со 4:0 го елиминираа Шелбурн, а потоа и Шкендија со 6:1. Во плејофот се соочија со Ференцварош, каде во првиот натпревар на гости победија со 3:1, па дури и поразот дома со 3:2 во реваншот не им наштети.

Иако во последните 12 години, колку што Карабаг редоследно игра во групи од некое европско натпреварување, во клубот се сменија многу луѓе и играчи, еден човек е константа. Тоа е Гурбан Гурбанов, 53-годишниот тренер кој го води Карабаг уште од 2008 година.

Гурбанов дојде во Карабаг како млад тренер, при што клубот обично се наоѓаше на средината од табелата. Донесе заклучок дека клубот за успех треба да се потпира на своите таленти и домашните играчи, наместо на масовно доведување странци.

Така, Гурбанов првично водеше тим составен од многу Азери и само неколку странци, а од самиот почеток стремеше кон напаѓачки фудбал и т.н. тики-така стил. Резултатите се покажаа уште во првата негова сезона, кога Карабаг освои куп, а следната година ја избори и квалификациите за Лига Европа.

Долгоочекуваното шампионско звање Гурбанов му го донесе на Карабаг во 2014 година, 21 година по освојувањето на првата и досега единствена титула на клубот. Иако 1993 година беше победна за Карабаг, истовремено беше и трагична.

Како што му кажува и името, Карабаг потекнува од регионот Карабах, кој речиси 40 години е сведок на војни и конфликти меѓу Азерите и Ерменците. За време на Првата војна во Нагорно-Карабах, ерменските сили во 1993 година го зазедоа Агдам, местото каде што Карабаг претходно беше стациониран.

Целото население, вклучително и фудбалскиот клуб, избега од градот, кој потоа беше уништен и запален од Ерменците. Од 2020 година, Агдам повторно му беше доделен на Азербејџан, но моментно е ненаселен. Односно, сега е “град на духови”, но се работи на неговата повторна изградба.

Карабаг така повеќе од 32 години е клуб кој игра надвор од својот град. Сместен е во Баку, престолнината на Азербејџан, каде што првите години се соочуваше со финансиски проблеми, но тие беа решени кога клубот го презеде Азерсун Холдинг, една од најголемите компании во Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се првите фаворити за трофејот во ЛШ – клубот со најголеми шанси никогаш не ја освоил!

Компанијата Opta, која е специјализирана за статистика, ги објави своите предвидувања за Л…