![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/usa_today_19941379.0-850x491.jpg)
Досегашниот кошаркар на Бруклин, Бен Симонс, ноќеска потпиша за Лос Анџелес Клиперси, објави клубот од Калифорнија.
Симонс минатиот викенд го раскина договорот со Бруклин, па во Клиперси дојде како слободен играч.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Австралискиот кошаркар, кој беше прв избор на драфтот во 2016 година, трипати бил избран за ол-стар член на американската професионална кошаркарска лига (НБА), додека во 2020 година беше член на третата најдобра петорка од тоа натпреварување.
Симонс ја пропушти целата сезона 2021/22 по конфликтот со Филаделфија, на која беше член претходните пет сезони, како и поради повреда на грбот откако беше заменет во Нетси.
Тој во текот на следните три сезони во Бруклин, поради проблеми со повредите, одигра вкупно 90 натпревари.