Дома Останати Тенис Кирјос повтори: Ѓоковиќ е најдобар тенисер во историјата!

Кирјос повтори: Ѓоковиќ е најдобар тенисер во историјата!

Според талентот, Ник Кирјос веројатно можеше да се споредува со најголемите асови во историјата. Австралиецот ги победуваше сите членови на големата тројка, но никогаш не се посвети доволно на тенисот за да може во долг период да биде конкурентен за нешто сериозно во тенисот.

Последните години и самиот стана свесен за тоа, па иако тоа воопшто не го убеди да се посвети повеќе на работата, барем стана објективен и за него повеќе нема дилеми кој е најдобар во „белиот спорт“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На барање на порталот „Get Set Тенис“ се согласи да ги опише најдобрите тенисери во овој спорт со само еден збор, а за Ѓоковиќ го имаше најдобриот.

„GOAT!“, изјави Австралиецот скратеница која на англиски значи „најголем на сите времиња”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа подобра од Јапонката Саито во Мадрид!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го стартуваше настапот на ВТА 125 ту…